Art & Crafts

Ранецот е вистинско решение! Каква торба треба да носите ако ве боли грбот

Освен што редовно треба да ја чистите чантата од работите кои ви се непотребни, исто така постои и еден модел кој е совршен за оние кои имаат болки во грбот.Тоа е ранецот. Но, за оние кои не можат да се откажат од чантите кои се носат на едно рамо или во рака, носете ги така што на секои дваесет минути ќе ја менувате раката. За да ги елиминирате или намалите болките послушајте ги советите во продолжение.

Носете што помала чанта. Носете го она што навистина ви е потребно и имајте на ум дека болката во грбот не ја предизвикува еден голем предмет, туку, повеќе мали предмети.

2-ranecot-e-vistinsko-reshenie-kakva-torba-treba-da-nosite-ako-ve-boli-grbot-keifmk

Изберете чанта со дебела рачка или носете ранец. Ранците повеќе не се само за деца, тие со тек на времето станаа моден додаток и за возрасните. Така, со ранец ќе изгледате кул и урбано, но и ќе можете да ја распределите тежината рамномерно по целото тело. Исто така, ранецот, подесете го да биде на грбот. Што повеќе ги стегнете рачките, толку поблиску  ранецот ќе биде до вашиот грб, и ќе имате чуство дека е полесен.

Носете различни торби за различни намени. Наместо да носите све во една, дајте и на секоја торба различна намена: за на работа, за во теретана, за детски работи и сл.

Но, пред се бидете минималиста. Изберете торба со  која имате најмал притисок на вашиот грб.

Write A Comment