Motherhood

Разговарајте со вашиот тинејџер како со возрасен

Уште не можете да поверувате дека вашето дете веќе навлезе во проблематичните тинејџерски години? Веќе започнуваат проблемите во комуникацијата, а како да го подобрите тоа?

Експертите советуваат да разговарате со него како со возрасен. Кога детето е се уште мало, често родителот го воспитува во одредени граници на доброто однесување со што понатаму се спречува детето да не биде повредено или да не западне во некаква опасност. Подоцна, кога родителите ги советуваат тинејџерите тие ретко кога го прифаќаат тоа. Еден начин да се подобри комуникацијата е покрај советот да им се образложи зошто нештото е важно. Поставување на граници за тинејџер всушност значи да се направи договор што е прифатливо, а што не, како негово однесување.

Поставувањето на правилата се одвива подобро доколку детето почувствува дека и неговото мислење е важно и тоа ќе биде повеќе мотивирано да соработува. Како што расте детето, тоа се повеќе ќе ја тестира границата на неговото однесување – тоа е сосем нормално однесување. Кога ќе навлезат во тинејџерските години можеби ќе биде потребно до одреден степен да станете потолерантни во однос на правилата. Премногу правила можат да предизвикаат гнев кај детето, затоа одлучете кое од нив сметате дека е навистина важно и држете се до него, а останатите заборавете ги. Правилата што ги пласирате кај вашето дете го заштитуваат, но како што расте ќе мора да му дадете повеќе слобода и обврска да се грижи самото за себе.

Можеби ќе постојат моменти кога ќе бидете во конфликтна ситуација со вашето дете поради вредностите на кои вие сакате да го научите и вредностите кои ќе му бидат наметнати од неговата поблиска околина или медиумите, па тогаш ќе мора да преговарате со смирен тон.

Write A Comment