Зимското студено време е пропратено со настинки и грипови а сувата кашлица е еден од најизразените последици. Доколку ги пробавте сите сирупи и пастили за надразнето грло и не ви помагаат обидете со овој рецепт со жалфија.
Жалфијата е богата со етеричните масла кои имаат антибактериски дејства. Исто така во составот имаат фосфорна киселина, витамин В, Б1, П и танин.
Народната медицина препорачува жалфијата да се меша со млеко за полесно искашлување.
Начин на приготвување:
Во мал сад ставете 250 мл. млеко, додајте 1 супена лажица сува жалфија и загревајте додека течноста не зоврие. Штом млекото зоврие, тргнете го на страна. Во овој пијалак додадете 1 кафена лажичка путер. Покријте и оставете да отстои 15 минути.
Потоа процедете ја течноста, додајте 1 кафена лажичка мед и 1 кафена лажичка куркума во прав (за деца 1/2 лажичка) и промешајте.
Испијте го топлото млеко половина час пред спиење.