← НАЗАД НА БОЗА

Решение од вашата кујна за здрави и цврсти нокти

Решение од вашата кујна за здрави и цврсти нокти
583 Читања

Негуваните и убави нокти, привлекуваат погледи. Но , за да имате навистина убави раце и нокти, би требало да се грижите за нивната нега. Освен тоа, големо внимание треба да посветите и на здравата исхрана, и да ја збогатите со витамини Е, бадеми, мед и млечни производи.

За да ги зајакнете ноктите користете лосиони и маски кои можете да ги подготвите дома. Природните состојки многу често се и најделотворни, според тоа одвојте неколку минути да направите едноставни домашни средства со кои ќе ги зајакнете и разубавите вашите нокти.

Еднаш во неделата негувајте ги со мед. Во шолјичка со загреана вода додадете лажичка мед и добро промешајте. Намачкајте ги ноктите со смесата и држете 10 мин. Потоа рацете намачкајте ги со кремата која содржи витамин Е.

Од медот направете маска и за кршливи нокти. Потребно е да помешате 2 лажички мед, 2 лажички зејтин, 1лажичка сол и едно јајце. Состојките добро измешајте ги и два до три пати дневно натопувајте ги ноктите во смесата, држете ги 10 мин, извадете ги од смесата па измасирајте ја кожичката околу нив. Рацете измијте ги со топла вода и намачкајте ги со крема.

За нокти кои се кршат корисно е и маслото од кантарион, 2 до 3 пати во денот да се мачкаат и ноктите и кожичките. Кантарионовото масло ке им даде на вашите нокти цврстина и сјај.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk