← НАЗАД НА БОЗА

Роб и Чајна повторно заедно, откако таа физички го нападна?!

Роб и Чајна повторно заедно, откако таа физички го нападна?!
527 Читања

Изгледа дека драмата помеѓу Блек Чајна и Роб Кардашијан заврши, откако го достигна најголемиот срам.

Според американските медиуми, Чајна физички го нападнала Роб додека била во пијана состојба, а токму во тој момент, кај него се нашол Кори, момчето на Крис, кој ги разделил.

Откако завршила драмата тој се јавил на сестрите Кардашијан за да дојдат кај него. Но, додека тие дошле за да ја средат ситуацијата, Чајна си заминала.

Ова се случило по нивната сцена на социјалните медиуми, каде што Чајна кажа дека Роб е ментално болен, а тој скршен објави видео.

Ким, Кортни и Клои, иако не заземаат страна и сметаат дека и двајцата се виновни за оваа состојба, сакаат да се средат работите помеѓу нив двајца и повторно да живеат заедно. Според извори блиски до парот, тие двајца веќе почнале да комуницираат, но не живеат заедно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk