Motherhood

Родители, еве што сакаат да ви кажат воспитувачките во градинка за вашето дете

Сетете се како ви е со едно или со две деца кога ќе ги фати „жолта минута“. Е сега, замислете си дека имате цела група деца за кои треба да се грижите, а барем половина од нив се немирни, врескаат, ве прашуваат или ви бараат нешто. Затоа, воспитувачките ви го препорачуваат следново…

Иако ги сакаме децата, не се обидуваме да ве замениме

И покрај тоа што сме недоволно платени и често ни недостасуваат основни материјали за да го поминеме времето со децата квалитетно, последното нешто што ни треба е непочитување од страна на родителите. Го поминуваме поголемиот дел од денот со вашето дете и невозможно е да не ни се „пикне“ под кожа. Сите кои сме одлучиле да ја работиме оваа работа обожаваме деца.

Навистина сакаме да го оставите болното дете дома

Свесни сме дека вашиот шеф нема разбирање и дека имате огромен хаос на работа, но имајте разбирање за нас, за другите деца и за другите родители. Ако го донесете вашето болно дете во градинка, постои опасност да се разболат и другите деца, и воспитувачките, па така ова ќе стане проблем на целата група. Ако се заразат и другите деца, и нивните родители ќе мора да смислуваат причини за отсуство од работа, па во овој случај излегувате многу себични затоа што болното дете во градинка предизвикува цел магичен круг на реакции.

Сакаме пофалби

Не мора да мислите дека ќе летнеме во облаци ако одвреме-навреме нè пофалите. Во оваа работа вложуваме многу време, труд и љубов. Впрочем, секој ден ги бришеме мрсулавите носиња и валканите газиња на вашите деца. Нашата работа е најчесто најубавата работа на светот, но има денови кога добро би ни дошла и некоја пофалба која би не поттикнала и би не потсетила колку е скапоцена нашата работа.

Сочувствуваме со вас

Можете да ни се пожалите во секое време затоа што сочувствуваме со вас. Мислите дека вашето дете има испади само дома? Не грижете се, се повторуваат и додека сте на работа и сме научиле да се справуваме и со доброто, и со лошото. Со задоволство ќе ве сослушаме. Можеби заедно ќе најдеме ефикасно решение.

Општи муабети

Секогаш ќе поразговараме со вас и за други корисни работи во животот. Не заборавајте дека и ние имаме живот надвор од ѕидовите на градинката. Воспитувачките сакаат да ги запознаат родителите на децата со кои се заедно цел ден затоа што така можете да откриете нешто ново за вашето дете.

Напиши коментар