ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички
5 лажици брашно
1 јајце
сол, бибер
200 гр шунка
кашкавал Гауда
1 топка моцарела
масло за јадење
100 мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Од брашното, јајцето и млекото направете погуста смеса, и зачинете по вкус.Тиквичките тенко пресечете ги по должина, не ги солете и не ја цедете водата, туку извалкајте ги во густата смеса и пропржете ги од двете страни.
Кога ќе бидат готови наредете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Потоа наредете ги во должина на алуминиумска фолија и на нив наредете ја шунката кашкавалот Гауда и моцарелата.
Внимателно ролувајте ги, добро замотајте ги и затворете ги со фолијата, и ставете ги да се печат 20 минути на 180 степени. Потоа извадете ги од печка и оставете ги да се изладат, а потоа може да ги сервирате.
