Мојата кујна

Ролат со џем од шипки

Изматете пет жолчки со четири лажици шеќер. Во нив додадете чврст снег од посебно изматени белки и четири лажици меко брашно. Смесата ставете ја во плех претходно обложен со хартија за печење и малку израмнете го. Печете 15 минути на 200 степени.

Потоа пандишпанот извадете го од плехот и ставете го на крпа претходно наросена со шеќер. Со помош на крпата завиткајте го во ролат додека е сеуште топол. Кога ќе се олади, одвиткајте го и премачкајте го со џемот од шипки. Завиткајте го повторно и поросете го со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Напиши коментар