Sweet Home

Романтична вила на езерото Тахое

Езерото Тахое, големо слатководно езеро сместено во Сиера Невада во САД, привлекува голем број на богаташи поради мирот и убавината кои ги нуди.

Една од вилите која гледа на ова прекрасно езеро е изградена во 1949 година, а се продава за 12 милиони долари.

Куќата со големи прозорци низ кои скоро од секоја соба може да уживате во погледот на водата, има три спални соби, библиотека, канцеларија, семејна соба и одвоена куќа за гости. Покрај сопственото пристаниште, тука е и приватната плажа.

Погледнете од фотографиите што се нуди оваа одлична куќа. Можеби ако ништо друго, ќе добиете некоја идеја за уредување на вашиот дом.

Напиши коментар