Мода

Романтични костими за капење

Речиси три децении, дизајнерката Карла Колето креира костими за капење, користејќи ги најновите иновации во индустриското кроење и синтетичките ткаенини. Таа нејзиниот бренд го лансираше во 80-те години на минатиот век и се специјализираше за изработка на костими за капење.

Низ годините, нејзините дизајнерски изработки добија свој печат и препознатливост, како што се едноставноста, нежноста во дизајнерскиот израз, но и силната визуелна порака што ја испраќа преку интересните решенија во однос на кројот.

Помеѓу обожавателките на нејзините дизајни се бројни познати дами меѓу кои и Бијонсе и Серена Вилијамс.

Новата линија е со доминантна романтична нота, костимите за капење се украсени со карнери со нитни или имитација на плисе, а застапени се и едноделни и дводелни варијанти.

 

Напиши коментар