Bridal

Рози за безвременска класика на вашата свадба

Кога размислувате за изборот на цвеќиња за вашата свадба, големи се шансите првото цвеќе кое ќе ви падне на памет да биде розата. Розите се класичен и безвременски избор, особено кога станува збор за свадбите или другите церемонии. Најважно е да изберете рози кои ќе успеете да ги вклопите во целиот амбиент на уникатен и само на вас својствен начин.

Розата е кралица на цвеќињата, а е одличен избор бидејќи доаѓа во многу различни бои и нијанси и големи се шансите да ја најдете токму онаа боја која ќе одговара на вашата замисла. Освен невестинскиот букет кој може да биде направен од рози, розите може да ги искористите и за цетралните буќети, за китенките за сватовите и за малите подароци за вашите гости.

Доколку навистина ви се допаѓаат розите и нивниот романтичен дух, изберете и невестинска торта украсена со рози од фондан. Во вашата коса ставете венче или украс направен од вистински или вештачки рози, а рози може да имате и на вашата венчаница. Можностите се навистина неограничени…

 

Напиши коментар