Ако сте расположени да уживате во шармот на стариот свет и врвната услуга, ова е вистинското место за вас.
Неодамна реновиран, со шпанска архитектура, хотелот „Royal Hawaiian“, познат и како „Pink Palace of Pacific“ во Хонолулу, е повторно светски познато и посакувано место. Историскиот луксузен ресорт на шест спрата се наоѓа на совршената плажа Ваикики (Waikiki), украсен е со тропски градини и со поглед кон Diamond Head и Тихиот океан.
Како еден од првите хотели отворени на Ваикики, „Royal Hawaiian“ се смета за еден од почетниците на туризмот во тоа место. Отворен е на 1 февруари, 1927 година, со свеченост на која присуствувале околу 1.200 гости. Хотелот чинел 4 милиони долари и бил направен за една и пол година. Првиот регистриран гостин во овој хотел била принцезата Абигејл Кавананакоа, која била кралица на Хаваите.






