Убавина

Сакате да ги истакнете јагодиците? Испробајте го овој трик!

Сега е вистински момент за промена и за скратување на шишките. Не е претопло, па нема да се потите, а се уште не носите капа, па нема да ви се залепат на челото. 

Најлошата работа е чекање шишките да пораснат, бидејќи почнуваат да изгледаат несразмерно во однос на остатокот од косата. Но според зборовите на познатиот фризер Ренди Катлер, доброто стрижење и стилот можат и таа чудна фаза да ја претворат во помалку чудна.

“Слоевите што паѓаат до работ на јагодиците од страна, во прв план ги ставаат самите јагодици и очите”, тврди Катлер. Ангелот на Викторија – Бехати Принсло е совршен пример како и кај растењето, шишките не мораат да бидат извор на траума туку може да створат див, опуштен и секси-изглед.

Ако меѓу одењето во салон имате проблем со стилизирање на на фризурата, Катлер препорачува да користите некое нежно масло, кое нема да ја замрси и да ја отежне косата, а на шишките нанесете го само малку на врвовите. Исто така, за да ја подигнете фризурата набрзина, намокрете ги шишките, поминете со мало чешле и формирајте го саканиот изглед, исушете со помош на четка.

Напиши коментар