Спанаќ
Како да не е доволна причина тоа што е добар за организмот! Но, во случај на главоболка е добар бидејќи содржи робофлан односно тип на витаминот Б кој ја спречува мигрената.
Мрсна риба
На помош доаѓаат омега 3 масните киселини. Нивните противвоспалителни својства се одлични против главоболка.
Лубеница
Доколку вашата главоболка е последица на дехидрација многу е норамлно да посегнете по вода. Меѓутоа, намирниците кои содржат високо количество на вода како што е тоа случај со лубеницата или краставиците исто така можат да помогнат. Околу 20 проценти од дневното внесување на течности во организмот доаѓа од храната. Лубеницата овозможува дополнителна предност бидејќи во неа се наоѓаат есенцијални минерали како магнезиум и калиум чие ниво во организмот значително се намалува кога ќе дојде до дехидрација.
Компир
Иако зарди калиумот при главоболка се препорачува банана, откриено е дека средно печениот компир содржи дури 926 милиграми калиум што е два пати повеќе од бананата.
Кофеин
Се додека не претерувате, кофеинот може да помогне при главоболка. Дури и многу од лековите наменети против главоболка содржат одредена доза на кофеин
Бадеми
Бадемите се одличен извор на магнезиум. Освен што се здрави, тие се и одлични борци против главоболка. Рака бадеми на ден ја спречува главоболката.