Потребни состојки:
- 300 гр. мкарони (полжавчиња)за салата;
- 100гр. блитва
- 6 чери домати
- 2 црвени пиперки
- 1 тиквичка
- 2 лажици масло
- 6 лажици мајонез
- 4 лажици посен јогурт
- 2 лажици оцет
- 1 лажица мед
- црвен пипер,сол,бибер;
Подготовка:
Макароните сварете ги во солена вода, исцедете ги и ставете ги да се исушат. Блитвата, доматите,пиперките и тиквичката исецкајте ги на коцки, а тиквичката на кругови. Тиквичката пропржете ја во масло и посолете ја. Измешајте ги мајонзот, јогуртот,медот и оцетот, зачинете со сол, црвен пипер и бибер. На макароните додадете го преливот, тиквичките и пипиерките и оставете го да отстои. Пред сервирањето додаете ги доматите и блитвата.
