Новости

Се појави прошталното писмо на девојката на Џим Кери – еве што напишала пред да се самоубие

Во медиумите протече прошталното писмо на Катрион Вајт, покојната девојка на Џим Кери.

Во септември 2015, Кери раскинал со Катрион, а набрзо потоа таа си го одзела животот со разни таблети.

„Поминав три дена во неверување дека ти не си тука. Можам да продолжам со скршено срце, да се обидам да ги соберам парчињата назад. Можам, но немам воља овој пат. Прости ми што чувствуваш дека не бев тука за тебе. Се обидов да ти го дадам најдоброто од себе“, му напишала Катрион на Џим.

„Те молам, прости ми, не сум за овој свет. Не знам за закопот, ти си моето семејство па ќе биде во ред што и да одбереш“, му порачала во писмото на Кери.

Откако го напишала прошталното писмо, Вајт си го одзела животот. Се обидела да се самоубие и три години пред тоа, 2012, кога починал нејзиниот татко.

 

Напиши коментар