Новости

Семејството и го сврти грбот, децата не сакаат да ја видат, а органите на пејачката секој ден се повеќе откажуваат

Штом се појави на сцената пред неколку децении, веднаш беше прогласена за кралица на поп музиката. Од година во година нејзиниот успех беше се поголем и најскоро стана најпопуларната и најбогата музичка ѕвезда, но среќата и го сврти грбот.

Имено, 70-годишната Шер уште во 80-тите години се зарази со опасен вирус што пред неколку години почна да го зема данокот и нејзината здравствена состојба е се полоша пишува Нешнл Инкуајер.
Нејзините пријатели откриле дека нејзе и откажуваат органите, еден по еден. Семејството и’ го свртело грбот, а поранешната милијардерка сега е на работ на егзистенцијата.

Уште кон крајот на 80-тите години нејзе и’ бил откриен Епстејн-Бар вирус, вид на херпес што може да предизвика откажување на органите и неколку видови рак.

И покрај големиот број пари што ги потрошила на неуспешните лекувања, пејачката изгубила цело богатство и поради неконтролираното трошење, како и поради лошите инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат и големиот број паузи во кариерата, нејзините пари едноставно ги снемало.

Денес таа е во најлошата можна ситуација – здравјето и е нарушено, а нема кому да му се обрати освен на неколкумина пријатели. Иако има две деца, американските медиуми одамна говорат дека таа со нив е во многу лош однос исто како и со двајцата поранешни сопрузи.

Поради сето ова, таа во целост се повлече од јавноста.

-Таа сака да умре на мир и да не оптоварува никого со сопствените проблеми, истакнуваат пријателите на славната ѕвезда, додека нејзините соседи откриле за новинарите дека пејачката поради болеста е непрепознатлива и дека дури не може ниту нормално да се движи.

Напиши коментар