Motherhood

Семејството – најголема поддршка

Ќе почнам со тоа дека сум голема среќничка. Ги имам најпрекрасните родители и најдобриот брат. Не дека тие се моето семејство, тие се всушност вистински и чесни луѓе.

Се почесто гледам емисии и репортажи за тинејџери кои избегале од дома. Постојано слушам коментари, и тоа главно од млади луѓе, како нивната мајка била “незнам каква”, или татко им ништо не разбирал. Како со нетрпение сакаат да си заминат од нив. И уште, и уште, и уште посилни и грди зборови.

Не дека и јас не поминав по овој пат. Имало моменти ,кога бев повеќе од сигурна, дека се разбирам. Не се во согласност со нечии совети, особено на родителите и брат ми, туку ги ставав пријателите над се. Фрлајќи се смело во животот. Паѓав, станував и пак се фрлав. Додека не паднав навистина лошо…

И, знаете ли, кој ми подаде рака тогаш? Ги немаше пријателите, ги немаше познатите. Луѓето кои ги сметав за верни до крај, се повлекоа… Таму беа само тие – моето семејство. Без забелешки, без “нели ти реков”, без очекување дека треба да дадам, за да можам да добијам…

Верувајте, освен семејство, тие ви се и најдобрите пријатели. Не чекајте да западнтете на дното, за да ги цените. Јас жалам за своите грешки, но се радувам дека барем “си ја научив лекцијата” на време. Запомнете, што и да се случува, тие ќе бидат зад вас, чврсто! Дури и да ви одат на нерви со совети и насоки, или да мислите дека многу ви се мешаат во животот, тие ви мислат само најдобро. И тоа од срце!

Криете нешто за да не ги загрижите? Така ги товарите повеќе, бидејќи дури и да се на километар од вас, само по гласот ќе осетат дека нешто не е во ред. И почнуваат да го мислат најлошото. Имате ли проблем, кажете им. Сигурна сум дека ќе ви помогнат.

Негувајте ги и сакајте ги пријателите, но имајте на ум дека најблиските ваши луѓе се тие.

Write A Comment