Со ваква тастатура ви гарантираме дека работата на компјутер ќе ви биде далеку полесна и поинтересна! Освен што е многу лесен, овој „направи сам“ проект не бара ни многу пари, а буквално секој може да го направи. Потребно е само малку прецизност и остри ножички.
Потребни материјали:
- ножички
- шарен селотејп – можете да го најдете во подобро опремени книжарници

Измерете ги димензиите на копчињата на тастатурата кои сакате да ги залепите, па исечете парчиња од шарениот селотејп.

Внимателно залепете ги на копчињата од тастатурата. Доколку ви е потребно да гледате што пишува на секое од нив, земете водоотпорен маркер и задебелете ги буквите, броевите и знаците.

Со помош на шарени селотејп траки можете да ги освежите и штипките како и да направите обележувачи за книги.

