Шарениот стан се простира на површина од 91 квадрат, има три соби и кујна. Сопствениците искористиле многу агли за сместување на ситниците, па така, во станот може да се забележат и дупки во ѕидовите во трпезаријата, каде што се сместени најразлични нешта.
Се со цел да се добие впечаток на поголем простор, скалите добиле правоаголна дупка од која се гледа трпезаријата, а поради тоа, и самите скали имаат многу светло.
Кујната е со нежен жолт тон, а пространата дневна соба има плафон со црно-бели риги. Овој детаљ можеби на многумина не им се допаѓа, меѓутоа истиот дава необичен и посебен печат на овој семеен дом.
Благодарение на жолтите клупи, терасата е уредена во согласност со внатрешноста, а од неа се овозможува прекрасен поглед на кон градот и неговите убавини.



















