Убавина

Шминка според боја на очите

Бојата на очите ја диктира шминката која треба да ја користите за да ја истакнете нивната убавина. Секако, секогаш можете да испробате и некои нови нијанси, да експериментирате со необични споеви и да се забавувате со јаките нијанси. Меѓутоа доколку останете во границите на правилата за тоа која боја на шминка најмногу ви одговара во однос на бојата на очите, тогаш верувајте дека ќе изгледате како кралица на срцата од Alise.

СИНИ ОЧИ

За секој ден – темносива, сива, розева, темноплава, црна ( искомбинирајте ја црната боја со јасна плава за ефектот “smoky eyes”).

Вечерна шминка – сребрена, тиркизна, темно-розева.

ЗЕЛЕНИ И КОСТЕНЛИВИ ОЧИ

За секој ден – кафеава, кајсија боја, пурпурна, модро плава, темно зелена или светло зелена ( затоа што и двете бои се зелени па на очите им даваат светлина )

Вечерна шминка – златна, сјајна, лимон-зелена, многу светло зелена, пурпурна.

КАФЕНИ ОЧИ

За секој ден – бронзена, бакарна, шампањ боја светло-розе што влече накај јасија, кафена, беж, смеѓо зелена.

Вечерна шминка – мандарина боја, кралско-плава, јако розева, лимон зелена ( контрастот ги нагласува кафеавите очи )

ЦРНИ ОЧИ

За секој ден и вечер – морнарско плава и за база и за дефиниција, светло плава за нагласување.

 

Write A Comment