Најчесто, одговорот на прашањето „Како си помина на училиште?“ е „Добро“. Како да го смените ова?
Родителите најчесто се многу ентузијастични кога го поставуваат ова прашање, но секогаш налетуваат на истиот, индиферентен одговор. Каде е проблемот? Се чини дека проблемот е во самото прашање. Прашањето е неинспиративно, затворено, многу често и многу здодевно. Како алтернатива, послужете се со некое од прашањата од листата подолу и навистина разговарајте со вашите деца.
Прашања кои детето ќе ги одговори по долг ден на училиште:
- Што јадеше за појадок/ручек?
- Дали „фати“ некој како си го чепка носот?
- Игравте ли некои игри на одморите?
- Што беше најсмешното нешто што се случи денес?
- Дали некој направи нешто убаво за тебе денес?
- Која беше најубавата работа што ја направи ти за некој друг денес?
- Кој те насмеа денес?
- Кој од твоите учители ќе го преживее крајот на светот? Зошто?
- Која нова интересна работа ја научи денес?
- Кој час беше најтежок? Зошто?
- Ако би го споредил училиштето со некоја игра, која ќе биде таа игра?
- Како би си го оценил денешниот ден од 1 до 10? Зошто?
- Ако еден од твоите соученици би бил твој учител, кого би го одбрал? Зошто?
- Ако ти си учителот на училиште утре, кој час би го предавал?
- Дали некој те изнервира денес?
- Со кој сакаш да се спријателиш, ама не можеш? Зошто?
- Кое е најважното правило на твојот учител?
- Што сакаш најмногу да правиш на мал/голем одмор?
- Дали твојот учител те потсетува на некој што го знаеш? На кој?
- Кажи ми нешто што си го дознал за некое твое другарче денес.
- Ако дојдат вонземјани и земат три деца, кои деца би сакал да ги земат?
- Дали денес помогна на некој?
- Кога се чувствуваше најгордо денес?
- Кое правило беше најтешко за следење денес?
- Која лекција беше најлесна денес?
- Кажи ми едно нешто што сакаш да го научиш пред да заврши учебната година.
- Кој соученик е тотално спротивен од тебе?
- Кој дел од школото ти е најзабавен?
- Кој спорт ти е најинтересен? Зошто?
- Дали на некој од твоите соученици му е тешко да ги следи правилата?
