Ова најчесто се случува за време на летовите со премостување, кога е потребно багажот да ви го префрлат во друг авион. Затоа, за да не ви се случи одморот да го поминете без багажот, добро научете што треба да преземете во ваква ситуација
Фотографирајте го куферот и фотографијата чувајте ја во мобилниот! Кога нема да ви пристигне багажот, веднаш пријавете го неговото исчезнување на аеродромот. Обично на тие шалтери е голем метеж, а службениците често не знаат добро англиски јазик или вие да не го знаете нивниот јазик, па кога ќе ве прашаат да го опишете куферот, вие покажете ја фотографијата и тоа е тоа! Чувајте го извештајот што ќе ви го дадат при пријавување на исчезнатиот багаж. На самото место проверете дали добро ги внеле вашите податоци, бидејќи ако згрешиле нешто, нема да си го видите куферот. На извештајот е наведена и шифра со помош на која ќе можете онлајн да го следите вашиот куфер.
ПРЕД ПАТУВАЊЕТО информирајте се кои се вашите права во ваква ситуација. Иако на аеродромите велат да ги чуваме сметките од гардеробата бидејќи ќе ни ја надоместат штетата, тоа и не е така. Авиокомпаниите сами проценуваат што ви било неопходно за време на патувањето, па откако ќе размените огромен број мејлови со нив, ќе ви понудат одреден износ.
Чувајте ги boarding pass и luggage ID (налепницата со шифрата на куферот) и скенирајте ги кога ќе ја испратите рекламацијата. Напишете ги името, презимето, адресата и бројот на телефон на куферот. Купете еден од додатоците што се закачуваат за рачката на куферот (luggage tag) – не е добро да ги користите оние од аеродромот бидејќи лесно се кинат. И, се разбира, спакувајте неколку основни работи во рачниот багаж.
