Ако мислите дека е баш се во депилирањето, скубењето на влакненцата, пилинзите и скапите креми, ќе мора да размислите уште еднаш.
Убавината е минлива, вели една народна, но баш и не е вистина. Секако, притоа не мислиме на сите достигнувања на козметичката индустрија и естетската хирургија, туку на онаа дека убавината доаѓа од внатре.
Сите во животот барем еднаш сме доживеале да жената која не е ни приближно најубава во друштвото, ја зема најзгодниот маж пред очите на сите убавици околу неа кои се прашуваат со денови како е тоа можно.
За почеток, тоа е жената која сватила дека надворешниот сјај нема да ја спаси за десет или дваесет години кога наутро ќе се погледне во огледало, расчупана и без шминка. Во тој миг ќе биде она што навистина е, па зошто тоа да не биде веднаш, и да живее без оптеретување и силни маки дали ќе ги задоволи очекувањата на мажите.
Значи, постојат работи кои даваат убавина, а не можат да се купат со пари, а можеби најдобро е да се почне со емпатија. Искреноста од срце секогаш се препознава и дава една сосема друга слика од површната убавина на лицето и телото.
Страсните луѓе се најсреќни, и тоа од едноставна причина – знаат која им е целта и прават се да стигнат до неа, а таа енергија која доаѓа од нив не може да помине незабележано.
Духовитоста е уште една карактеристика која дава посебна убавина, бидејќи смислата за хумор, па и во најтешките моменти, дава еден внатрешен сјај, кој лесно избива од вас и заразно делува на средината.
Затоа драги дами, не изигравајте пласични барбики, доволно е само да бидете свои, и се ќе биде во ред!