Дестинации

Што го прави овој брег толку посебен?

Британскиот Јурски брег (Jurassic Coast),стар 180 милиони години, е првата англиска природна целина која се нашла на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Овој брег се протега на 152 километри, измеѓу источен Девон и источен Дорсет, а пред 155 милиони години бил дел од тропско езеро.

Прочуената „Врата Дердл“, природен лак и ден денес упорно им се спротиставува на ефектите од природните сили поради тоа што карпата се состои од посебен вид на варовник кој е многу поиздржлив од околните видови на карпи.

Сепак, ова интересно природно богатство нема засекогаш да биде тука – исто како што морето го обликувало, така еден ден тоа и ќе го „проголта“.

Оние кои ќе одлучат да го посетат ова место ќе бидат особено воодушевени од сино зелените нијанси на водата. Поради изобилството на креда која влегува во составот на околните карпи, морето во близина на брегот има млечно тиркизна боја.

И старите и новите карпи сочинуваат една интересна и исклучително специфична целина – додека постарите слоеви обично се наоѓаат доле, а новите горе, силното поместување на почвата ги превртило околу 100 милиони години длабоките слоеви на површина, па поради тоа денес многу фосили (стари и до 250 милиони години), како и карпи од добата Јура и Тријас, се наоѓаат на површина.

Еден од најистакнатите делови на брегот е и заливот Кимериџ, каде што може да се види голема „патека“ од варовник кој некогаш се наоѓал на дното од морето, полн со праисториски облици на живот.

Write A Comment