Cafe Del Mar

Што му е потребно на вашето тело додека сте на диета

Започнавте со диета, но некако тешко го поднесувате чувството на глад. Еве неколку предлози што да имате при рака за да ја задоволите својата глад и да согорите максимум калории.

Витамин Ц

Сте слушнале ли дека витаминот Ц е најдобриот лек за губење на тежината? Без оптималните количини на овој витамин во вашето тело, вие се доведувате во ситуација да го отежните губењето килограми. Витаминот Ц го има во: брокула, зелка, лук, кромид, спанаќ, лимон, манго, портокал, ананас, јагоди, домати.

Калциум

Калциумот е добар за коските, но исто така е добар за контролирање на вашиот глад. Калциумот ќе го најдете во:сирење, кашкавал, млеко, јогурт, брокули, спанаќ.

Протеини

Консумирањето на оброци со повеќе протеини во споредба со оние кои содржат повеќе јаглехидрати водат кон заситување, помало чувство на глад и поголемо согорување на калориите. Извори на протеини се: грав, леќа, кашкавал, сирење, млеко, јогурт, бадеми, лешници, кикирики, пилешко месо, јајца, свинско месо и риба.

Мед

Медот е одлична замена за шеќер. Истражувањата направени врз животни, насочени кон намалување на телесната тежина покажуваат дека замената на шекерот со мед дава далеку подобри резултати. Тој е хранлива алтернатива, а исто така покажува и антибактериски и антивирусни својства. Медот може да ја подобри контролата врз шеќерот во крвта и да го зголеми имунитетот.

Напиши коментар