← НАЗАД НА БОЗА

Што сè лечи комбинацијата од мед и цимет

Што сè лечи комбинацијата од мед и цимет
1016 Читања

Научниците потврдуваат дека медот е доста ефикасен во лекување на многу заболувања, а во комбинација со циметот, станува смртоносно оружје против вирусите, високиот холестерол и шеќер, но и за други непријатели на нашето здравје.

Можеби звучи неверојатно, но мешавината на медот и циметот навистина ги лечи речиси сите заболувања.

Срцеви заболувања

Направете паста од мед и цимет во прав. Намачкајте на леб наместо мармалад и јадете го тоа секојдневно за појадок. Тоа ќе го намали нивото на холестеролот во артериите и ќе го спречи срцевиот удар.

Артритис

Во чаша топла вода изматете две големи лажици мед и една лажичка цимет во прав. Тоа пијте го наутро и навечер. Со редовно конзумирање може да помогне во излекување дури на хроничен артритис.

Инфекција на жолчното кесе

Во чаша млака вода изматете две големи лажици цимет во прав и и едно лажиче мед. Пијте го тоа секој ден. Тоа ќе ги уништи микробите во жолчното кесе.

Холестерол

Изматите две големи лажици мед и три лажички цимет во голема чаша. Кога тоа ќе го испиете, нивото на холестеролот ќе се намали за 10 проценти во рок од два часа.

Настинка

Ако страдате од настинка, земете една голема лажица мед со една четвртина лажица цимет. Зимајте го ова три дена по ред. Ова ќе ви ја реши настинката, хронично кашлање и затнати синуси.

Болка во желудник

Мед во комбинација со цимет ќе ја излечи болката во желудникот. Зимајте го тоа редовно за да го излечите чирот на желудникот.

Имунолошки систем

Дневно зимање на мед и цимет во прав го зајакнува имунитетот и го штити организмот од бактерии и вируси.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk