Сите сме слушнале дека најтешко е да се преживее првата година од бракот. Неопходно е да вложувате, работите и да се посветите целосно на бракот…
Овие неколку совети ќе ви бидат од корист полесно да ја поминете првата година:
1. Фаза меден месец
Периодот на веридбата и венчавката се секогаш возбудливи. Меѓутоа, кога ќе заврши таа фаза на меден месец и ќе настапи реалниот живот, некои парови тешко се снаоѓаат. Наместо да бидете нервозни, радувајте се на новите авантури кои допрва доаѓаат.
2. Нејзини/негови пари
Финансиите се најчестиот виновник за кавги во бракот. За тоа да го избегнете спојте ги парите на едно. Вие и онака сте во брак, во заедница, тогаш зошто би ги одвојувале?
3. Држете се до буџет
Одредете го буџетот и држете се до него. Сите трошоци решавајте ги заеднички и никогаш не кријте ги еден од друг, со цел да ги избегнете главоболките.
4. Почит во кавга
Нормално е во текот на првата година брак да има и страст, но и бес и фрустрација. Најважно е секогаш во кавга да внимавате што зборувате и да го почитувате другиот.
5. Компромис
Навикнете се на компромиси, ако сакате да бидете среќни. Поделете ги обврските во домот и нема да имате проблем.
6. Заборавете на ситниците
Не обрнувајте внимание на ситниците, бидејќи на долг рок тие се неважни. Најважна е врската која е делите и нејзината длабочина.
