Убавина

Што се случува со лицето кога ќе заспиете со шминка?

Сите знаеме дека е штетно да си легнеме без избришена шминка на лицето. Но, колкава е всушност штетата? BuzzFeed Yellow направи видео на оваа тема.

Кога си легнувате навечер со шминка, кожата не е во можност природно да се регенерира. Тоа може да предизвика неизедначен тен, сува кожа и црвенило. Спиењето со пудра може да предизвика појава на акни, особено ако базата е на масло.

Оставањето на сенката може да ги затне фоликулите на влакната и да ги наполни лојните жлезди со бактерии, предизвикувајќи воспаление. Кога ја оставате маскарата може во сон да искорнете неколку трепки од очите. Исто така, честички од шминката можат да навлезат во окото и да направат оштетување.

Производите за уста можат да направат митесери на лицето, размачкувајќи се на кожата. Во текот на денот, слободните радикални честички во воздухот се лепат за шминката. Спиењето со шминка значи подолга изложеност на овие слободно радикални честички, што може да предизвика брчки и оштетување на здравиот колаген.

Лицето ќе ви биде најблагодарно по вадењето на шминката и нежното миење  на кожата.

Write A Comment