Motherhood

Што треба да му бидете на детето: мајка или пријателка?

Да бидете мајка тоа значи дека имате многу улоги, од грижлива и нежна личност до чичност која воспитува.  А некаде во средина се наоѓа улогата на пријателка. Понекогаш може да биде тешко да пронајдете рамнотежа помеѓу улогата на мајка и пријателка…

Кога детето е сеуште мало, мајката му е се на светот, негова заштитничка и некој кој му обезбедува храна. Мајката е најдобра личност за утеха и поддршка. Како што детето расте, улогата на мајаката почнува да се менува.

Многу тинејџери ги сметаат своите родители за “непријатели”, бидејќи родителите се тие кои ги создаваат правилата со кои децата не се согласуваат, бидејќи сакаат да прошират своите хоризонти. Затоа, во тие години често се кавги и комуникацијата е затегната. Освен тоа, децата почнуваат да кријат некои работи од родителите ( пријатели, љубов, каде одат и што прават кога тие не се дома), а тоа доведува до расправии и конфликти.

Многу мајки сакаат да имаат пријателски односи со своето дете, недевајќи се дека така нивното дете ќе ги смета за личност од доверба, наместо како родителска фигура.

Доколку сакете да бидете клул, модерна мајка, тоа може да има свои предности. Ако вашето дете ве смета за пријател, поголема е веројатноста дека токму вам ќе ви се обрати за некој свој проблем и други чувствителни прашања како што се алкохол, дрога, секс, контрацепција… Но, треба да бидете свесни дека може да дознаете и многу други работи кои не сакате да ги знаете.

Тоа што сте блиски со детето може да биде добро во тинејџерските години, но може и да заврши лошо. Мајката-пријателка ќе избегнува конфронтација или казнување на детето бидејќи сака да го задржи пријателскиот однос. Често мајката го сака своето дете, посебно ќерката, повеќе за себе и не сака таа да има други пријатели, да превзема ризици и да пробува нови работи. Со други зборови, мама мисли дека може да биде “се” за своето дете.

За да израсне во нормална, зрела личност детето мора да развие самодоверба, независност и одговорност и понакогаш мора да направи грешка, со цел да дознае какви последици таа носи со себе. Ако мјката се однесува премногу како пријателка, нејзината ќерка или син тинејџер можеби нема да има можност правилно да се развие.

Она што е потребно е да се пронајде рамнотежа. Дајте им на своите деца на знаење дека можат да ви се обратат за било кој проблем, без оглед за што станува збор – слушајте ги добро со отворено срце и ум. Но исто така, ставете им на знаење која е границата која смеат да ја поминат и дека вашата главна улога во нивниот живот е да им бидете мајка, а не пријателка. Доколку правилата се прекршат – следат последици.

Вие ќе продолжите да им обезбедувате на вашите деца структура, дисциплина и стабилност додека не ја достигнат зрелоста. И без разлика на тоа што ќе доживеете многу недоразбирања, расправии, несогласувања и предизвици на патот, балансирањето на улогата на мајка и пријателка ќе им помогне на вашите деца да се развијат во здрави, среќни и продуктивни возрасни личности.

Напиши коментар