Sweet Home

Што треба да направите за својот дом на почетокот на годината

Според еден од многуте закони на Фенг шуи, убав, чист и организиран дом води кон среќен живот.

Без разлика дали се сложувате со оваа филозофија или не, факт е дека нашето расположение и нивото на енергија се поврзани со околината во која живееме.

Па ако го имате ова на ум, тогаш јасно ви е дека нема подобар период од почетокот на годината да воведеме некои нови и убави навики во својот живот но и во домот.

Една од најважните работи при преуредувањето на домот е неговото чистење и организирање. Според тоа, пред да почнете да размислувате за новите трендови со кои би внеле свежина во животниот простор, она што мораме да го направиме е да се “спасиме“ од предметите кои не ни требаат.

Иако имаме уште многу време до пролетното честење, сепак некои одлуки треба да донесеме за да уживаме во резултатите.

sto treba da napravite za svojot dom na pocetokot na godinata 01

Затоа ви нудиме три едноставни чекори со кои можете да започнете уште денес ако сакате да внесете повеќе ред и да се чувствувате подобро.

Се на свое место…

Веројатно на организираните дами ова ќе им изгледа смешно бидејќи тоа е дел од нивната секојдневна рутина.

Првиот чекор е да знаете што каде стои, па затоа почнете од ситниците. Секој предмет во домот нека има свое место.

Фрлете (донирајте) го непотребното…

Облеката која не сме ја носле со години, предметите од детството, расипаните телефони и полначи…спакувајте ги во празни кутии и што може донирајте, а останатото фрлете го.

Ослободете ги затрупаните агли од домот во кој ги таложевте сите оние предмети кои веќе не ги користите. Така ќе привлечете нова енергија во домот, но и во животот.

sto treba da napravite za svojot dom na pocetokot na godinata 02

Одржувајте го редот…

Еднаш кога ќе се организирате и ќе го исчистите од темел домот, немојте да дозволите по извесно време да се вратите на старата рутина.

Потрудете се да одвоите неколку минути на почетокот на денот за да го наместите домот, особено ако работите од дома бидејќи токму тоа некои експерти го наведуваат како круцијално за продуктивноста во текот на денот.

Напиши коментар