Деталите во станот се одраз на стилот на сопственикот било да се работи за фамилијарни фотографии или за други ситници. Битно е да се распредели секоја ситница, бидејќи би изгледало натрупано и неуредно.
Ова е еден Скандинавски стан во кој се е плански и со вкус распоредено. Стан од 56 квадрати преполн со убави детали, кој не ја изгубил функционалноста која е најважна за секојдневен престој во него. Влезниот простор делува топло и пријатно со паркет на подот, а за да изгледа поголемиот дел е во бело. Дневниот престој е голем така да освен основниот простор има и помал дел за работа и читање.
Спој на модерното и традиционалното убаво е вклопено, а посебна убавина на дневниот престој му дава старинскиот камин. Од дневниот престој постои излез кон уреден балкон.
Уште еден згоден детал се скаличките кој водат до малото поткровје, кое сопствениците го искористиле за спална соба со помал кревет. Погледнете ги фотографиите, можеби ќе добиете некоја идеја за уредување на вашиот дом.









