← НАЗАД НА БОЗА

Симптоми на стрес кај децата: Како да ги препознаете и да реагирате?

Симптоми на стрес кај децата: Како да ги препознаете и да реагирате?
731 Читања

Дури и бебињата можат да бидат напнати и под стрес, иако ни се чини дека нема зошто да се грижат. Меѓутоа, ако родителите не знаат добро да управуваат со сопствениот стрес, голема е шансата дека нема да знаат да им помогнат и на своите деца.

За да можете вие и вашите деца да водите здрав и хармоничен живот, добро е да знаете да ги препознаете симптомите на стрес кај децата. Детски психолог од Мичиген, за порталот SheKnows тврди дека постојат шест знаци според кои родителите можат да оценат станува ли стресот сериозен проблем на нивното дете.

1.Зголемени проблеми во однесувањето и емоционални реакции

2.Промена во ритамот на спиење (премногу или премалку сон)

3.Промени во апетитот (некои деца го губат апетитот, додека други внесуваат повеќе нездрава храна и јаглено-хидрати)

4.Промена во училишниот успех

5.Зголемени здравствени проблеми (најчесто главоболки и болки во стомакот), обично пред некоја активност

6.Промена во комуникацијата со родителите и пријателите (повлекување и незаинтересираност за интеракција).

Кога треба да се загрижите?

Константно ќе забележувате промени кај своите деца. Меѓутоа, ако тие симптоми почнат значајно да влијаат на рутината на секојдневниот живот, време е да побарате стручна помош. Без оглед дали станува збор за стрес или некој друг скриен проблем, барањето помош од педијатар може да биде првиот чекор, како и контактирањето на локален детски психолог.

Бидете пример

Родителите треба да бидат добар модел од кој децата учат како да управуваат со стресот. Што значи тоа?

1.Држете се до рутината – оброци и одење на спиење во исто време, како и некоја физичка активност.

2.Хранете се здраво.

3.Пред стресни ситуации и периоди планирајте однапред за да ги олесните.

4.Намалете го влијанието и количината на технологијата во домот – имајте посебно време за технолошките уреди, а посебно за дружење со семејството.

5.Поставете специфични и конзистентни правила, за децата да разберат што се очекува од нив. Охрабрувајте ги многу и пофалете ги за успесите.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk