Дестинации

Синиот скапоцен камен на Црна Гора – Кралската плажа

Ако сте ги слушале приказните за Црна Гора и Јадранското море, во збирката на најубавите е и онаа за поетски убавата Кралска плажа. Кристално чисто море, скоро недопрена природа, мирот и тишината го красат ова место до кое се доаѓа само со чамец…

Во непосредна близина на Св.Стефан, сместена помеѓу шумата од една страна и преубавото Јадрнско море од другата страна, оваа плажа со право го носи своето кралско име.

Ако се прашувате која кралица тука се капела па плажата го добила своето име, локалното население тврди дека тоа била Марија Караѓорѓевиќ, сопругата на кралот Александар.

На песочната плажа со должина од околу 120м нема место за многу капачи, но на оние кои капењето им е овозможено уживањето им е загарантирано.

3-siniot-skapocen-kamen-na-crna-gora-kralskata-plazha-keif.mk

Заливот има прекрасен облик, а морето го обликувало дното на плажата така да секој сантиметар носи специфична боја и има смерагднозелен и синкаст тон на водата која изобилува со бујна медитеранска вегетација. Јавноста е незадоволна со фактот дека оваа плажа не е отворена за поголем број на гости, а онака скриена во стогодишниот масленик и борова шума, денес го носи епитетот „недопирлива“.

4-siniot-skapocen-kamen-na-crna-gora-kralskata-plazha-keif.mk

Долга 120м, Кралската плажа го добива своето име по Марија Караѓорѓевиќ, југословенската кралица која сакала да одмара на оваа плажа и во блискиот летниковец на династијата Караѓорѓевиќ, денес попознат како “Вила Милочер”

5-siniot-skapocen-kamen-na-crna-gora-kralskata-plazha-keif.mk

Малку понатаму е и големата милочерска плажа, попозната како плажата на кралот Алекасандар. Паркот наоколу е полн со ретки видови на растенија се носени од најразлични краишта на земјината топка, па и оваа плажа претставува вистински природен експонат.

6-siniot-skapocen-kamen-na-crna-gora-kralskata-plazha-keif.mkSveti_Stefan_Crna_Gora

Фактот што Новак Ѓоковиќ ова место го одбрал за место каде што ќе се венча, говори за тоа колку ова место освојува со својот беспрекорен изглед.

Погледнете и преку видеото за што станува збор:

Напиши коментар