Мода

Следете ги модните правила за ова лето

Пред да се прошетате покрај морето или да заблескате во коктел-барот, дознајте какви фустанчиња, чевли и накит задолжително треба да имате за ова лето.

Фустан

Искрено, макси фустаните се за повисоки девојки. Заборавете го она што ви се допаѓа и носете го она што најубаво ви стои. Ако имате ситно тело, пронајдете го најубавиот коктел-фустан и во него ќе се чувствувате прекрасно.

Накит

Кога фустанот е доволно раскошен, накитот мора да биде сведен на минимални, но ефектни парчиња.

Чевли

Купете си златни, сребрени или чевли во бојата на кожата и нема да ги собуете цело лето бидејќи тие визуелно ги издолжуваат нозете.

Напиши коментар