Дали знаете дека четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаното дневно количество железо што му е потребно на нашиот организам?
За да го постигнете максималното дејство, јадете ги смоквите заедно со компот или со свежо исцеден сок од портокал, кој изобилува со витамин Ц, бидејќи овој витамин ја подобрува апсорбцијата на железото во организмот.
Сувите смокви претставуваат и одличен извор на минерали. Освен со железо, смоквите изобилуваат со бакар, цинк, селен, манган, калциум и со калиум.
Смоквите содржат и есенцијални омега-3 и омега-6 масни киселини, како и фитостерол, кои можат да влијаат на намалување на нивото на холестерол во крвта.