Здраво тело

Со кокос против стомачни тегоби, а со бибер до побрзо заздравување на раните

Британските научници испитувале повеќе од десет народни лекови. Некои ги прогласиле како сосема неделотворни, а за некои потврдиле дека можат навистина да помогнат.

Со кокос против стомачни тегоби

Оние кои имаат честа столица треба да пробаат да си помогнат со кокос. Оние кои имаат проблем со запек исто така треба да пробаат со кокосово масло да го решат проблемот. Кокосовото масло содржи лаурична киселина која во организмот се претвара во монолаурин. Таа ќе ја регулира проблематичната столица.

Кората од банана ги ублажува хемороидите

Внатрешната страна од кората на бананата содржи антибиотик, кој штити од инфекции. Воедно таа ќе ја извлече водата од болните хемороиди.

Бибер за зараснување на раните

Црниот бибер го спречува крварењето и го забрзува процесот на заздравување на раните. Главната состојка на црниот бибер е пиперин, кој има антибактериско својство. Доколку имате мала исеченица посолете со малку мелен бибер.

Напиши коментар