Новости

Со оваа убавица Новак Ѓоковиќ ја изневерил сопругата Јелена

Приказната на италијанскиот весник „Газета дело спорт“ добива нов тек, според кој изгледа дека боливудската афера на Новак Ѓоковиќ не била чаршиски муает.

Пред извесно време се шушкаше дека Ноле имал авантура со една позната индиска актерка, Дупико Падукон, и тоа ни две години по венчавката на црногорскиот Свети Стефан и по добивањето на синот Стефан. Во нaплив на бес Јелена тогаш, наводно, ги одвоила банковните сметки, што е чекор кон разделба од тинејџерската љубов.

Имено, тогаш се пишуваше со доза на подбив кон жолтиот печат, дека сите славни личности барем еднаш во својот живот се нашле во „љубовна афера“, која ќе им ја смести жолтиот печат. Ваква судбина го снајде и светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откако англиските медиуми го наместија дека имал афера со Индијката Дуплика Падукон.

novak2-neverstvo

Напиши коментар