Здраво тело

Со помош на овој метод ќе ја намалите главоболката и ќе го нормализирате крвниот притисок!

Овој едноставен метод ќе ве ослободи од главоболката и ќе го нормализира крвниот притисок за многу кратко време. Доколку имате јаки, неиздржливи болки – веднаш подгответе го овој солен раствор.

Солен раствор против главоболка – Како да го подготвите:

Пред се, подгответе облог од газа или тенка памучна крпа. Завиткајте ја газата во 8 слоеви, ширината на облогот треба да одговара на висината на челото, а должината на обемот на главата.

Потоа загреете 250мл вода до 60-70 степени и растворете во неа 2 рамни лажичиња сол. Ќе добиете 8% – тен солен раствор.

Со топла вода измијте го челото, ушите и вратот. Натопете ја облогата во солениот раствор, лесно исцедете ја, протресете ја малку да се излади и со неа завиткајте ја главата, ушите и вратот. За да ја фиксирате облогата, на главата ставете памучна марама. Потоа легнете.

По неколку минути ќе почувствувате олеснување. Останете да лежите 20 минути, па отстранете ја облогата и повторно измијте се со топла вода.

Напиши коментар