Бели заби и холивудска насмевка се сон за секоја жена. Газирани пијалоци, кафе, чај и цигари се главните причини за жолти заби, но има храна и трикови од кои забите може да блеснат.
Бабана
Тријте ги забите и непцата со внатрешниот дел од лушпа од банана најмалку две минути и потоа изчеткајте ги забите. Многу наскоро ќе забележете неверојатни резултати. Состојките од кората ќе ги отстранат дамките од забите предизвикани од храна и пијалак.
Јагода
Јагодите се плод кој со векови се користи за белеење на забите. Тие содржат овошни киселини кои се природен лек за белеење на збите. Каша од јагоди се нанесува на забите со помош на четка, а по краток период забите се мијат со паста за заби.
Сода бикарбона
На четка за заби ставете малку сода бикарбона. Полека и темелно четкајте ги забите барем две минути и потоа исплакнете со вода. Повторувајте ја оваа постапка два пати месечно и ќе добиете фантастични резултати.