Motherhood

Со вежбање намалете ги шансите за царски рез

Невистина е дека за време на бременоста вежбањето е забрането. Доколку бремената жена е здрава, односно нема компликации со бременоста, докторите препорачуваат лесна физичка активност.

За време на бременоста доаѓа до промени во организмот со кои телото се подготвува за новата состојба во која се наоѓа. Не е точно дека вежбањето е забрането, напротив, се препорачува што е можно поголема физичка активност за време на бременоста.

Прошетки со побрзо темпо три пати неделно ќе го преполоват ризикот бремената жена да роди претешко дете што е најголема причина за итна операција за време на породувањето. Царскиот рез е поврзан со дебелината кај децата, но и со инфекции, астма и дијабетес.

Истражувањето во кое учествувале 510 бремени жени кои вежбале 20 минути само два дена во неделата покажало дека ги намалиле шансите за раѓање на претешко дете. Исто така бројот на очекувани породувања со царски рез бил намален за 34%.

Напиши коментар