Здраво тело

Сок од моркови за здравје на црниот дроб

Свежо цедените сокови секогаш изобилуваат со многу витамини и минерали и се добредојдени за организмот. Сокот од моркови е еден од најдобрите. Изобилува со многу витамини, содржи помалку калории од соковите од овошје и е добар за кожата и црниот дроб.

Поради помалата количина на калории се препорачува при диети. Секојдневното конзумирање сок од морков ја подобрува работата на црниот дроб и на дигестивниот тракт. Големото количество на витамин Е го прави многу позначаен во превенцијата од рак и други болести за кои ризикот се зголемува со зголемување на возраста. Количествата на витамин А се значајни заради видот и неговото подобрување, ја ревитализира кожата и го забавува стареењето. Бета каротенот кој се содржи во морковите откако ќе влезе во нашиот организам се претвора во витамин А. Исто така, сокот од морков помага и за намалување на холестеролот.

Присуството на витамини го прават посебен и неопходен за нашето тело. Се препорачува секојдневно консумирање барем по една чаша сок од моркови.

Напиши коментар