← НАЗАД НА БОЗА

Совети како да изберете совршен планер за вашата свадба

Совети како да изберете совршен планер за вашата свадба
649 Читања

Во денешно време модерно е за вашата свадба да најмите планер на венчавки кој ќе ви помогне околу организацијата и подготовките. Сепак, не е лесно да се најде личност која ќе ја разбере вашата визија и ќе ја претвори во реалност. Планерите служат за да ви помогнат да го остварите вашиот сон, но и за да заштедите пари, време и нерви. Затоа, многу е важно да го изберете вистинскиот. Ова се неколку совети кои ќе ви го покажат патот до совршениот планер на венчавки.

  1. Зборувајте со планерот за тоа што е вклучено во цената: Погрижете се јасно да ги расчистите оние работи кои се вклучени во цената, а што се доплаќа дополнително. Така ќе избегнете нервози и недоразбирање.
  2. Што нуди планерот? Прашајте го вашиот планер кои услуги ги нуди. Многу е важно тој да знае што очекувате вие од вашата свадба, и дали е во можност да го изведе тоа. Разговарајте за вашите очекувања уште додека го правите договорот.
  3. Почнете порано: Колку порано ја започнете потрагата по планер за вашата свадба, толку се поголеми шансите да изберете планер кој совршено ќе им одговара на вашите барања.
  4. Дали имаат препораки од претходни клиенти? Потрудете се да дознаете за потенцијалниот планер од некого кој со соработувал во минататото. Препораките се најверодостојниот начин да дознаете дали станува збор за добар планер.
  5. Дали може да обезбедат попуст? Добрите планери имаат попуст со компаниите во свадбената индустрија со кои соработуваат. Една од најголемите причини за најмување на планер е фактот дека тој може да обезбеди попуст кој ќе ви заштеди пари од вашиот свадбен буџет.
  6. Колку време има на располагање? Очекувајте добрите планери да бидат зафатени, но во никој случај не најмувајте планер кој ќе биде премногу зафатен. Верувајте, ќе ве „фаќаат кризи“ и ќе сакате да бидете постојано во контакт.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk