Дестинации

Совети како да резервирате хотел преку интернет

Во денешно време има се повеќе начини кои ќе ви го олеснат изборот на вашиот идеален хотел. Технологијата има отидено толку далеку што ви дозволува да направите резервација дури и од удобноста на домашната фотелја.

А за да правилно го изберете хотелот кој најмногу ви одговара, потребно е да се поминат неколку чекори кои водат кон заштеда и избор на хотел кој е идеален за вашиот вкус и потреби.

Хотелскиот пребарувач Trivago направи краток водич кој што ќе ви помогне на сигурен и безбеден начин да ги истражете можностите на онлајн резервациите.

1. Внимателно прочитајте ги критиките.

Бидејќи многу гости пред вас ги имаат користено услугите на хотелот, внимателно прочитајте ги нивните критики и пронајдете го искреното мислење за задоволството од конкретниот хотел. Критиките може да бидат поважни и од бројот на ѕвездички кои ги има хотелот, затоа не дозволувајте да бидете излажани со површни информации.

2. Размислете што ви е најважно.

Внимателно прочитајте што сé се нуди во хотелот за да го избегнете разочарувањето кога ќе пристигнете на посакуваната дестинација. Ако сте љубител на базен, или можеби велнес и спа центри, проверете дали хотелот ги нуди тие услуги.

3. Обрнете внимание на локацијата на хотелот.

Локацијата на хотелот е и тоа како важна при патувања во странство, а посебно во поголем град. За да не губете време лутајќи низ градот и заглавите во не баш ефикасниот градски превоз, обидете се да пронајдете хотел во близина на знаменитостите кои ве интересираат.

4. Одберете филтер кој што ви одговара.

Многу портали за резервација нудат можност за филтрирање на вашите преференции, како што се цената, оддалеченоста, па дури и се оди и до најситни детали кои ви даваат информации за куќните љубимци и слично. Изборот на вистинскиот филтер секако ќе го забрза процесот на резервирање и ќе резултира со избор на хотел по ваша мерка.

5. Одберете го посакуваниот тип на соба.

Не заборавајте дека хотелското сместување нуди повеќе видови на соба како што се еднокреветна, двокреветна, апартман, кралски апартман и сл. Доколку патувате сами, еднокреветна соба е подобра опција, во спротивно ако патувате во пар, распитајте се каква врста на кревет нуди собата.

6. Проверете што се е вклучено во цената.

Секој хотел и сајт за резервации имаат различна политика на плаќање кога станува збор за самиот престој. Секако дека вреди претходно да се распитате дали содржините како што е појадок, користење на велнес центар, таксата за престој е вклучена во цената.

7. Не гледајте ги само ѕвездичките.

Бројот на ѕвездички со кои располага хотелот никако не смеа да биде клучен фактор за резервација на посакуваниот престој. Репутацијата на хотелот и критиките на задоволните гости се подобро огледало на квалитетот и услугите кои што истиот ги нуди.

8. Направете споредба на различни сајтови за резервација.

Цената на хотелското сместување се менува во зависност од понудата на самиот сајт. При резервирањето ве советуваме да испробате неколку опции истовремено, како би заштедиле, како на пари така и на време. Хотелскиот претражувач може да ви помогне да ги споредите цените со над 150 различни сајтови за резервација и самите да го одберете идеалното сместување.

9. Проверете го датумот на поаѓање.

Понекогаш промената на датумот, дури и само за еден ден, може да резултира со далеку пониска цена. Внимателно проверете дали во посакуваниот период одржува некаков фестивал, конференција или некој важен настан кој што може да ја зголеми цената на ваша сметка.

10. Одберете ја вистинската дестинација во право време.

Бидејќи одредени дестинации се атрактивни во одредено време од годината, на пример Париз на пролет, Виена за време на божиќните празници, бидете свесни дека и хотелското сместување во екот на сезоната е далеку поскапо. Хотелските цени не се фиксни, туку се менуваат во зависност од периодот во годината.

11. Употребувајте мобилна апликација.

За оние понапредните корисници и љубители на паметните телефони, мобилната апликација е идеално решение за резервација. Предноста на споменатата апликација, освен што е едноставна за употреба, секако е и во можноста за пребарување на хотели во ваша непосредна близина.

Напиши коментар