Motherhood

Совети кои им се потребни на сите нови мајки

Новите мајки постојано читаат водичи и книги за тоа како да се подготват за пристигнувањето на бебето во нивниот живот. Но никој не може да даде подобар совет од искусните мајки кои го поминале сето тоа по неколку пати.

Затоа денес пронајдовме неколку совети токму од искусните мајки кои се надеваме дека ќе ви помогнат…

1. Научи да прифатиш дека домот ќе ти биде несреден.

2. Спиј кога бебето спие без разлика што треба да направиш.

3. Не се плаши ниту срами да побараш помош.

4. Истуширај се секогаш кога ќе најдеш време бидејќи ќе се чувствуваш подобро.

5. Слушај го својот инстинкт, не се води од она што околината ти наложува. Ќе бидеш многу поопшутена.

6. Уживај во моментите со бебето бидејќи времето брзо поминува, па за час покрај тебе ќе имаш напорен тинејџер.

7. Прости си на себе за грешките. Во мајчинството постојано се греши, а од грешките најдобро се учи.

Write A Comment