Овој мал стан е со површина од само 29 квадратни метри. Тој вклучува спална, дневна и кујна и бања со тоалет. За да се справи со недостигот на простор, сопственикот користел многу интелигентни и генијални дизајн решенија. Внатрешниот дизајн е типично скандинавски, со многу бели елементи, дрвени подови и минималистички мебел. Дневната е и спална соба, а креветот се крие зад бел панел. Ѕидното биро до прозорецот се претвора во ноќно шкафче во текот на вечерта. Големите лизгачки врати кријат доволно простор за складирање и заедно со креветот формираат континуирана единица на бел мебел. Белиот кауч и масата формираат катче за одмор, кој што лесно се претвора во простор за јадење. Полицата за книги се користи како шкафче за телевизор. Кујната е мала, но со многу карактер. Длабоко пурпурните ѕидови, отворените полици и сјајни бели кабинети, во комбинација со ламинатната површина изгледаат одлично заедно. Недостатокот на простор не создава негативни ефекти врз бањата. Тоалетот е во црно и бело, со шаховски под, огледало, лизгачка врата и туш кабина.







