Bridal

Совршена шминка за најубавиот ден од вашиот живот

Секоја невеста посакува да изгледа најубаво на денот на нејзината венчавка. Еден од важните фактори, со кој се надополнува целиот стајлинг, секако е шминката. Пред да одлучите дали тоа ќе му го препуштите на рацете на експерти, сестрам пријателка или самите ќе се нашминкате, еве неколку нешта на кои би требало да обрнете внимание.

Повеќето невести изгледаат најубаво кога имаат природна шминка. Според тоа, најсигурно е да користите што помалку шминка. Доколку вашата венчавка започнува во дневен термин, не нанесувајте шминка со која изгледате убаво навечер, туку водете сметка како тоа ќе изгледа на дневна светлина.

При ставањето на подлога, внимавајте да не користите пудри кои се премногу светли, или премногу темни. Одберете пудра која одговара на вашата природна боја. Внимавајте на преодите помеѓу лицето и вратот.

Ако користите водоотпорна маскара, водете сметка дека и таа може да се размачка, особено ако сте емотивна личност. Ако носите наочари,  шминката може да биде малку посилна, но сепак едноставна.

За вашата венчавка може да се нашминкате на три начини. Класичниот стил бара црвен кармин на усните и очи истакнати со црно моливче. Овој стил може да се користи за венчавка која ќе се одржи во ресторан.

Невестите кои вообичаено не се шминкаат, би требало да го негуваат природниот изглед. Одберете природна шминка која ќе ги прекрие само вашите недостатоци. Овој стил е идеален за летни венчавки и венчавки на отворено.

Напиши коментар