Шведска и нејзините скандинавски соседи се познати по своите сауни и базени…
Од надворешната страна, имотот кој сега ќе ви го претставиме можеби не делува специфично, но ова е еден од случаите во кој изгледот „лаже“.
Оваа приватна луксузна резиденција која е неодамна ставена на продажба во прекрасниот град Малме има апсолутно совршен базен.
Резиденцијата го добила името благодарение на базенот, па е наречена Pool Paradise, а има околу 200 квадратни метри животен простор.
Нејзината цена е 1,4 милиони долари, што е многу разумна цена, со оглед на луксузните погодности кои ги содржи и имотот кој ја опкружува.







