Иако на пазарот постојат многу производи кои помагаат да се заштитиме од комарците сепак не треба да ги игнорираме и природните начини.
Денес со вас ќе поделиме два одлични начини како да се одбраните од овие напасти:
1. Б комплекс витамин
Пијте Б комплекс витамин (најдобро би било да почнете пред сезоната на појава на комарци).
Тој ќе направи вашето тело да испушта природен мирис кој комарците не го поднесуваат.
Па затоа овој витамин пијте го во текот на целото лето.

2. Етерични масла
Комарците го мразат мирисот на овие масла.
Тие се всушност имуно систем на секоја билка и ја штитат од бактерии, бубачки, вируси и микроби.
Лавандата, еукалиптусот (кои се препорачуваат на деца под 3 години), рузмарин, пеперминт и лимонова трева се само дел од маслата кои во комбинација со вода и по желба алое вера создаваат одличен спреј кој може да го користите секогаш кога одите на прошетка но и кога сте дома.
Освен состојките, потребно ви е и шишенце со распрскувач.
