Мода

Стил на денот – едноставна “clutch” чанта

Clutch е вечна класика, со бесконечни можности за комбинирање.

Било да е тенка, елегантна, со копче или патент, едноставната Clutch чанта со чисти линии е класична чанта која можете да ја носите повторно и повторно со години.

Изберете елегантен дизајн на чанта од кожа во неутрлана боја како што е црната или nude и тоа ќе го надополни секој ваш аутфит. Идеални за вечерно излегување, овие чанти се омилен моден додаток на многу дами, па со задоволство ги носат и во текот на денот. Со широка палета на бои и тонови, clutch чантите ќе го ажурираат вашиот изглед за миг!

Погледнете ги нашите омилени clutch чанти за топлите летни денови!

Напиши коментар